Успешни „романтичарите“ во првиот летен тест

фото: fkrabotnicki.com

Работнички успешно ги стартуваше летните подготовки за новата сезона откако првиот пријателски натпревар тимот на Ратко Достаниќ оствари сигурен триумф над новиот прволигаш Пелистер со 2:0.

„Романтичарите“ прикажаа допадлива игра и поведоа во 32. минута со одличниот погодок на капитенот Горан Силјановски. Тој со прецизен удар од 16 метри успеа да го совлада противничкиот голман.

Во вториот дел, Работнички постигна уште еден погодок, а стрелец беше Џордан Ломба во 68. минута од контролниот меч.

Експедицијата на скопскиот клуб денеска замина на подготовки во Охрид каде ќе го реализира вториот дел од подготовките.

Се одиграа уште неколку тест дуели, Беласица беше подобра од Тиквеш со 3:1, со истиот резултат Шкупи славеше против Охрид, додека Академија Пандев ремизираше со Силекс (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот