Успешна компанија: Амазон драстично ја зголеми својата заработка, неверојатен скок на приходите во пандемијата

Американскиот дигитален џин Амазон, како што и се очекуваше, извести за скок на приходите во првото тромесечие благодарени на подемот на интернет трговијата во пандемијата.

Нето добивката на Амазон во првото тромесечие изнесува 8,1 милијарди долари, покажуваат извештаите.

Во истиот минатогодишен период изнесуваше 2,5 милијарди долари. Нето приходот е зголемен за 44 отсто, на 108, 5 милијарди долари. Приходот од продажбата на огласи и останатите производи е зголемен за 77 отсто, на 6,9 милијарди долари.

Безос пофали еден сектор

Извршниот директор Џеф Безос истакна дека резултатите од секторот за услуги во облакот Амазон Веб Сервисис (АВС).

„За само 15 години АВС се разви во сектор со годишни приходи од 54 милијарди долари и сега им конкурира на најголемите технолошки фирми во светот“; нагласи Безос.

АВС во првото тромесечие го зголеми приходот за 32 проценти, на 13,5 милијарди долари.

Компаниите се почесто се одлучуваат на Амазон да и ја доверат работата за одржување на технолошката инфраструктура и очекуваме продолжување на тој тренд на преминот во период на постепено постпандемиско опоравување, истакна финансискиот директор Брајан Олсавски.

Купувачите се свртеа кон достава од Амазон

На почетокот на пандемијата, клиентите се свртеа кон услугите за доставување до дома на Амазон, а компанијата верува дека овој тренд ќе продолжи и по пандемијата, особено кога станува збор за намирници.

За време на периодот на физички затворенипродавници, Амазон ги собори рекордите на профит за четири последователни квартали, привлече 200 милиони претплатници на програмата Прајм лојалити  и вработи повеќе од половина милион луѓе за да ја задоволат зголемената побарувачка.

Тие предвидуваат дека нивниот оперативен профит во тековниот квартал ќе биде помеѓу 4,5 и 8 милијарди долари, што вклучува трошоци од околу 1,5 милијарди долари поврзани со ковид-19.

За време на пандемијата, компанијата го интензивираше купувањето товарни авиони и изгради нови магацини со цел да биде што е можно поблиску до клиентите и да го скрати времето на испорака. Тие исто така планираат да ги зголемат платите на повеќе од половина милион вработени, што ќе ги чини повеќе од милијарда долари.

-Компанијата исто така најавува дека ќе ги зголеми трошоците за видео содржини оваа година. Потрошувачите веќе со часови гледаат содржини на Амазон, рече Олсавски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот