Успешен старт на „граѓаните“, Астон Вила го казни Шефилд! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Marc Atkins/POOL

Денеска се одиграа уште два натпревари од второто коло во Премиер лигата, Астон Вила минимално триумфираше над Шефилд јунајтед, а Манчестер сити ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Вулверхемптон.

„Граѓаните“ предводени од шпанскиот менаџер Пеп Гвардиола беа подобри од Вулвси со резултат 1:3, водство донесе Де Брујне од пенал во 20 минута од средбата.

Во 32 минута Стерлинг правовремено асистираше до Фоден за зголемување на предноста. Домаќините во вториот дел намалија преку Хименез, а конечниот епилог го постави Габриел Жезус во самиот финиш од средбата.

Астон Вила со 1:0 беше подобра од Шефилд јунајтед, гостите уште во 12 минута останаа со еден играч помалку поради црвениот картон на Еган. Екипата на менаџерот Вајлдер имаше дури шанса да стекне предност, но пенал не реализираше Лундстрам во 34 минута.

Казни противникот во 63 минута, Мингс скоро без гледање, случајно асистираше до Конса кој успеа да ја затресе мрежата на Ремсдејл.

Во наредното коло на 27 септември Шефилд на домашен терен ќе ги одмери силите против Лидс на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот