Успех кој ќе и го смени животот: Влезе во финалето на УС Опен и наскоро ќе стане најбогата спортистка на светот

Победата на Ема Радукану ја следеле 3.4 милиони гледачи во САД/ фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Британската тенисерка Ема Радукану го направи најголемиот успех во својата кариера, се пласира во финалето на УС Опен каде ја очекува уште една тинејџерка, Лејла Фернандез.

Девојката која во ноември ќе наполни 19 години стана првата тенисерка во историјата и во машка и во женска конкуренција која  преку квалификациите се пласира во финалето на грен слем турнир, а нема сомнежи дека настапот во Њујорк ќе и го смени животот.

Младата тенисерка не можеше да поверува дека во полуфиналето ја совлада Марија Сакари и обезбеди пласман во финалето, а британските медиуми пишуваат дека слично ќе реагира кога ќе сфати колку пари ќе заработи во иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Raducanu (@emmaraducanu)

Имено, таблоидот „Сан“ направи истражување кое покажа дека Ема Радукану наскоро може да стане најбогатата спортистка на светот.
Ема ќе биде најголема спортистка во историјата на Велика Британија. Доколку продолжи да игра вака, ќе заработи преку 100 милиони фунти. Освен на тениските терени, таа ќе има големи успеси и во маркетингот бидејќи сите најголеми брендови ќе се „тепаат“ кој да потпише договор со Ема. Има посебна аура, нејзината насмевка веќе сега вреди три милиони фунти – изјави за „Сан“, англиски агент за таленти.

Оптимизмот кај Англичаните за ваквото предвидување лежи и во тоа што агент на Ема Радукану е Макс Ајнсбург, човекој кој од Марија Шарапова направи најбогата спортистка на светот и и помогна да заработи 234 милиони фунти.

Шарапова повеќе од една деценија имаше најголеми договори со моќните брендови, а сега експертите истото го предвидуваат и за Ема која има лице на ангел…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Raducanu (@emmaraducanu)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот