Успеа ли Шведска да ја заштити својата економија?

Стокхолм. Шведска/ Фото: Архива на Слободен печат

Стапката на невработеност во Шведска порасна од 7,1 отсто во март на девет проценти во мај. Стапката на смртност од коронавирусот во Шведска е меѓу највисоките во светот.

Шведска утре треба да ја објави својата флеш анализа за БДП, а економистите кои беа анкетирани од страна на „Блумберг“ очекуваат пад од седум отсто.

Првите резултати кои говорат за БДП во вториот квартал ќе покажат дали спорната одлуката на Шведска да избегне потполно затворање на почетокот на пандемијата од корона вирусот ќе ја заштити економијата од најлошиот пад.

Од друга страна, шведската централна банка овој месец прогнозира дека БДП во земјата ќе се намали за 4,5 отсто.

– Шведската економија не остана недопрена, но мислиме дека тримесечниот пад на БДП во вториот квартал веројатно ќе изнесува околу третина од оној кој е забележан во Еврозоната, вели економистот Давид Окле.

Сепак, не е јасно дали економијата на оваа држава ќе помине подобро отколку во соседна Данска и Норвешка, кои на почетокот воведоа строги ограничувања.

– Не знаеме како нивната стратегија долгорочно ќе влијае врз економијата, вели економистот Норде Торбјорн Исаксон.

– Нашите нордиски соседи се заклучени, но можеби ќе може побрзо да се отворат и нормализираат, вели тој.

Инаку, стапката на невработеност во Шведска порасна од 7,1 отсто во март на девет проценти во мај. Стапката на смртност од коронавирусот во Шведска исто така е меѓу највисоките во светот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот