Усмртени најмалку 17 лица во нападите на сириската влада и руските воздушни сили

Фото: ЕПА

Сириската влада и руските воздушни сили денеска усмртија најмалку 17 лица во северозападна Сирија, кои сè уште ги држат бунтовниците, пренесува Ројтерс.

После осум и пол години војување, северозападниот дел на земјата, вклучително и Идлиб, е последниот дел од територијата кој е во рацете на бунтовниците.

Најмалку четири лица загинаа за време на воздушниот напад на пазарот во градот Маасран. Шест лица го загубија животот кога беше погоден градот Бдама. И петмина беа убиени во Телманас, во северо-источен дел на Идлиб.

Најмалку две други лица загинаа за време на напад врз околните села. Идлиб е дом на стотици илјади луѓе кои бегаа за време на војната.

Инаку, сириската државна телевизија не известуваше за овие воени операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот