Условни казни за учесниците кои признаа вина за насилните инциденти на протестите против францускиот предлог

протести скопје француски предлог вмро дпмне левица
Протест против францускиот предлог / Скопје, јули 2022 / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од 8-мина обвинети за учество во толпа која ќе стори кривично дело, 7-мина признаа вина за насилните инциденти во текот на протестите против францускиот предлог.

Судот на сите што признаа вина им изрече условни двегодишни затворкси казни кои ќе се реализираат доколу во наредните 4 години сторат кривично дело. Обвинетите се ослободени од притвор.

Од седумината кои признаа вина, тројца се средношколци и имаат по 18 години или помалку еден е на 19-годишна возраст, а останатите се до 36-годишна возраст.

При завршните зборови, обвинетите освен што признаа вина, изразија каење, ветија дека нема да повторат вакви слични дела, а се бранеле дека биле понесени од толпата која протестирала.

Меѓу другото беа обвиенети за учество во толпа која ја искорнала оградата, од каде се фрлале бекатони и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните.

Обвинетите се товарат и дека повредиле 26 полицајци меѓу кои со тешки телесни повреди завршила жена полицаец ангажирана за обезбедување на протестите.

Собранието пријавило штета од 565 илјади денари (околу 9.200 евра) која ќе треба да ја платат осудените.

Утрово уште двајца учесници во инцидентите на протестите добиле условни казни, а единствениот кој не призна вина (обвинет за уништување на полициско возило) ќе оди на редовно судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот