Услови за преземање содржини

Бесплатно преземање на содржини од Слободен печат надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Слободен печат, односно со одговорниот уредник.

Дозволено е бесплатно преземање на вести, извештаи и други написи од Слободен печат, само под следните услови:

– дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот

– на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Слободен печат

– ако текстот е потпишан од конкретен автор од Слободен печат, во преземениот текст задолжително треба да се наведе името на авторот

– насловот на текстот задолжително треба да почне со зборот „Слободен печат“ и со интерпункцискиот знак две точки

– дозволено е да се преземат најмногу пет содржини дневно.
Забрането е бесплатно да се преземаат колумни објавени на Слободен печат, освен во непосреден договор со одговорниот уредник на Слободен печат. Без таков договор, дозволено е бесплатно да се објави само извадок од колумна, при што:

– извадокот од колумната може да биде долг најмногу 10 реда од оригиналната објава во Слободен печат

– насловот на извадокот задолжително треба да почне со фразата која го содржи името на авторот на колумната и зборовите „за Слободен печат“, по што следи интерпункцискиот знак две точки

– на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целата колумна прочитајте ја тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Слободен печат

Преземање на видеа и фотографии е дозволено само во договор со одговорниот уредник на Слободен печат.

Тој што ќе објави содржина ( вест, извештај или друг напис) надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на Слободен печат да му исплати надомест од 2.000 денари за една содржина.

Тој што ќе објави колумна надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на Слободен печат да му исплати надомест од 6.000 денари за една колумна. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот на колумната.

Тој што ќе објави видео или фотографија надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на Слободен печат да му исплати надомест од 6.000 денари за едно видео или една фотографија. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот.

За прекршувања на овие услови, издавачот на Слободен печат го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.