Уште тројца полицајци обвинети на смртта на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

Афроамериканецот Џорџ Флојд почина на 25. мај како резултат на полициска бруталност.

Освен Дерек Човин, на обвинителната клупа ќе се најдат уште тројца полицајци поради убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис пред една седмица. Освен тоа и против Човин кој беше снимен како со колено го притиска вратот на несреќниот Џорџ Флојд е променето обвинението од убиство од трет во убиство од втор степен, соопшти сенаторката Ејми Клобучар.

Убиството на Флојд го крена САД на нозе, секојдневно се демонстрира против бруталноста на полицијата и против расизмот.

Клучните моменти кои доведоа до смрт на Џорџ Флојд кој беше убиен од страна на полициаецот од Минеаполис, Дерек Човин, се случија во рок од само 30 минути кои медиумите ги реконструираа благодарение на изјавите на сведоците, видео снимките и официјалните извештаи.

Флојд почина на 25 мај, откако беше уапсен пред продавница во Минеаполис и тоа откако продавачот повикал полиција бидејќи се сомневал дека банкнотата од 20 долари со која сакал да купи цигари, била фалсификувана.

Флојд не се противел на апсењето но полицајците го кутнале за земјата, по што Човин дури осум минути со коленото го притискал вратот на несреќниот Џорџ Флојд, додека останатите тројца полицајци против кои сега е подигнато обвинение, го обезбедувале просторот и не дозволувале никој да пријде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот