Уште тројца пациенти починаа, регистрирани 30 нови случаи на ковид-19 во Македонија

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-14, Прилеп-4, Тетово-3, Велес-4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398. Последната дистрибуција по градови е:

•    Скопје – 612, активни 144
•    Куманово – 416, активни 32
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип-36, активни 2
•    Прилеп –200, активни 64
•    Тетово – 143, активни 75
•    Струга – 69, активни 4
•    Велес – 119, активни 48
•    Битола –27, активни 8
•    Охрид –19, активни 4
•    Кавадарци – 5, активни 0  
•    Гостивар –19, активни 2
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 2, активни 0
•    Крива Паланка- 6, активни 2
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 4
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 1
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 1
•    Виница – 2, активни 0
•    Кратово-2, активни 1
•    Берово-1, активни 1

Направените 426 теста се преку: ИЈЗ –253, Ветеринарен ф-тет -13, Авицена –5, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода  -26 и МАНУ -78.  Досега во земјата се направени вкупно 21436 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 184 теста се направени во рамките на скринингот од градинките и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 47. На кислородна поддршка се 19, а на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 19. На респираторна машина се 7 пациенти и уште 1 пациент е со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот