Уште три недели локдаун за Сиднеј

Сиднеј во карантин /Фото: EPA-EFE/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралиската држава Викторија го продложни локдаунот за уште три недели, и покрај тоа што строгите мерки не покажаа подобрување на состојбата со Ковид-19 во Сиднеј, пренесува Си-Ен-Ен.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус вели дека ограничувањата ќе се ублажат само кога најмалку 70 отсто од населението ќе биде вакцинирано. Тој смета дека тоа би се случило во близина на 23-ти септември. До сега две дози вакцина имаат примено 56 отсто од населението постаро од 16 години.

„Тоа што мораме да го направиме веднаш е да го намалиме бројот на новозаболени, за да имаме доволно време да го вакцинираме населението. Тоа значи дека рано е за укинување на мерките. Пред нас е тешко време.“ изјави Ендрус.

Викторија денеска пријави 120 нови случаи на Ковид-19. Тие бројки се подобри во однос на оние 1116 кои беа регистрирани во Нов Јужен Велс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот