Уште се испитуваат ефектите од мешањето на различни вакцини против Ковид-19

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Мешањето на различни видови вакцини против коронавирус е веројатно безбедно и ефикасно, но истражувачите се уште собираат податоци за да се потврди тоа, велат експертите од британскиот универзитет во Оксфорд.

-Вакцините против Ковид-19, што се одобрени низ целиот свет, се дизајнирани да го активираат имунолошкиот систем да создава антитела во борбата против коронавирусот, но се разликуваат по начините на кои тоа се прави, изјави д-р Кејт О’Брајан, директор на Одделение за вакцини на Светската здравствена организација (СЗО).

Научниците од Оксфорд тестираа комбинации на вакцини што се даваат во две дози, како што се АстраЗенека, Модерна, Новавакс и Фајзер. Досега добиените податоци покажуваат дека вакцинацијата прво со Астразенека, а потоа со вакцината Фајзер е безбедна и ефикасна. Исто така, од оваа комбинација постои малку поголема можност за несакани ефекти како што се чешање и треска.

Според вирусолозите, причината за тоа може да биде тоа што мешањето на различни видови вакцини предизвикува посилен одговор на имунолошкиот систем. Во некои земји, здравствените власти веќе предложија мешање на вакцини во одредени ситуации.

Откако беше откриено дека вакцината АстраЗенека во ретки случаи влијае на формирање на згрутчување на крвта, многу европски земји, како Германија, Франција и Шпанија, им препорачаа на луѓето кои ја примиле првата доза на вакцината АстраЗенека за втора да ја изберат Фајзер или Модерна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот