Уште пред две години реков дека Дончиќ е најдобар кошаркар на светот

EPA-EFE/Toms Kalnins

Кошаркарската репрезентација на Словенија благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ кој постигна 48 поени, ја совлада Аргентина со 118:100 на стартот на ОИ.
По натпреварот, селекторот и најдобрите кошаркари на Аргентина им честитаа на Словенците притоа донесувајќи заеднички заклкучок – дека Дончиќ ги уништи.

– Тешко е да се анализира натпреварот кога еден играч е толку доминантен. Тоа го кажав пред две години, и сега повторно ќе го кажам: Лука е најдобар кошаркар на светот. Тој многу брзо го прочита нашиот план во одбраната и не уништи. Не натера да ја промениме стратегијата. Можеби ова звучи како оправдување,но немавме решение за него – изјави селекторот на Аргентина, Серхио Ернандез.

Дончиќ не е од оваа планета, ја уништи Аргентина

Квалитетите на Дончиќ добро ги познава и Факундо Кампацо кој беше соиграч со Словенецот во Реал Мадрид.
– Ние игравме по нотите на Дончиќ. Што и да се обидовме да направиме, тој имаше одговор на се. Кога направивме поголем притисок над него, Лука играше за екипата. Не уништи – изјави Кампацо.

Дончиќ не е од оваа планета, ја уништи Аргентина

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот