Уште подобри како „златни“ резерви: Бејл, Тоти, Меси, Роналдо..(ВИДЕО)

фото: твитер

Вреди да се погледне неверојатната партија на Роберт Левандовски на дуелот со Волфсбург, ремек-делото на Златан Ибрахимовиќ во дресот на ЛА Галакси…

Во овој период луѓето ширум светот, вклучувајќи ги и спортистите се наоѓаат во домашна изолација, карантин поради пандемијата на коронавирусот.

Во ова одлично видео погледнете како едни од најпознатите фудбалски имиња во светот можат да бидат уште подобри на натпреварите кога ќе добијат шанса од клупата.

Помеѓу нив се наоѓа и моментно најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, кој блескаше на дуелот против Реал Бетис.

Потоа, вреди да се погледне неверојатната партија на Роберт Левандовски на дуелот со Волфсбург, ремек-делото на Златан Ибрахимовиќ во дресот на американскиот Лос Анџелес Галакси…

На оваа листа се наоѓаат уште Франческо Тоти, Кристијано Роналдо, Марио Геце, Џорџино Вајналдум, Герет Бејл, Едер, Јулиано Белети, Кевин-Принс Боатенг, Серхи Роберто.

Дефинитивно за овие „златни“ и легендарни замени голема заслугаат имаат и самите тренери. Секоја чест!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот