Уште петмина државни секретари во британската влада поднесоа оставки

Знаме на Велика Британија / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во владата на британскиот премиер Борис Џонсон, петмина државни секретари и потсекретари денеска преку заедничко писмо објавија дека поднесуваат оставки.

„Ја имавте најтешката задача во една генерација. Се восхитуваме на вашата цврстина, издржливост и траен оптимизам. Со право можете да се гордеете со значајните одлуки кои, со заедничка акламација, сте ги направиле исправни. Меѓутоа, станува се појасно дека владата не може да функционира со оглед на прашањата што излегоа на виделина и начинот на кој тие се постапуваа. Со добра волја мораме да побараме, за доброто на партијата и државата, да се повлечете“, се наведува во писмото до премиерот.

Државните секретари Ками Беднок и Џулија Лопез и парламентарните потсекретари Нил О’Брајан, Алекс Бургарт и Ли Роули поднесоа оставки.

Сега бројот на членовите на британската влада кои поднесоа оставки се зголеми на 27.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот