Уште осум новозаболени од Ковид-19 во Делчево

Скопје, лето 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Добро во целата ситуација, според надлежните, е тоа што дел од пациентите меѓу кои и првиот кај кој се јави вирусот и беше хоспитализиран, веќе се пуштени од болница.

Зголемениот број пациенти со симтоми на Ковид-19 за време на празничниот викенд, денеска резултираше со осум нови случаи во Делчево. Надлежните од Здравствениот дом информираат дека случаите се очекувани, а се резултат на направените тестирања на граѓаните кои деновиве се пожалиле на влошена здравствена состојба.

-Се работи за пациенти на возраст над 45 години, чии наоди налагаа тестирање, а кај дел од нив и болничко згрижување. Тоа се претежно случаи од недела, понеделник и вторник. Дел од нив се упатени на испитувања на Инфективно во најблиските болници, така што како што и се сомневавме осум од случаите се позитивни, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.

Добро во целата ситуација, според надлежните, е тоа што дел од пациентите меѓу кои и првиот кај кој се јави вирусот и беше хоспитализиран, веќе се пуштени од болница.

– Да споменеме дека креветите и душеците кои ги набавивме ги користиме за дел од пациентите кои се во потешка состојба се до моментот додека треба да се препратат на понатамошно лекување. Притоа е запазена заштитата на персоналот и на останатите пациенти со кои е избегнат контактот – додадоа од Здравствен дом.

Денеска освен во Делчево нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Пехчево, вкупно пет лица, додека еден заразено лице од Ковид-19 има и во Берово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот