Уште осум нови случаи со корнавирус во Косово, бројката се искачи на 71

Нови осум случаи на заразени лица се регистрирани денеска во Косово. Бројката на лица заразени од Ковид-19 во оваа земја се искачи на 71.

-Денеска на 25.03.2020 во Институтот за Јавно Здравје тестирани се 34 лица. Од тие осум се позитивни. Се работи за лица кои имале контакт со претходно заразени лица. Четири од нив се од Малишево, три во Приштина и еден Вуштриа. Од датумот 08.02.2020 до 25.03.2020, во ИЈЗ тестирани се вкупно 766 лица, додека позитивни на коронавирусот се 71- се вели во соопштението на Институтот за Јавно Здравје на Косово.

Во Косово од коронавирус почина едно лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот