ФОТО | Уште од мал бил „кул дечко“: Го препознавате ли?

Еден од најуспешните актери на овие простори и на територијата на Русија, Милош Биковиќ, на социјалните медиуми сподели досега невидена фотографија од неговото детство.

Интересно е дека, освен во очите, тешко дека можеше да се најде сличност помеѓу Милош како дете и сега како возрасен маж, кој се смета за „најпосакуваниот ерген“ во Србија.

instagram

„Кога бев млад, го водев тој злобен живот на жестоко момче на работ…“, на шега ја опиша фотографијата Биковиќ.

Биковиќ го напиша овој опис, очигледно алудирајќи на неговата улога на Марас во мегапопуларната серија „Јужен ветер“, каде што маестрално ја толкува улогата на „опасно момче“.

Милош Биковиќ / Фото: Инстаграм

Неговите следбеници со ентузијазам коментираа колку е сладок Милош како дете.

„О, колку си симпатичен“, „Опасно момче“, „Токму таков став имаш за злосторството“, се само некои од коментарите.

Милош Биковиќ: Моите беа богати, но изгубивме сè, на мајка ми од првиот поголем хонорар ѝ купив стан!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот