Уште не почнал, а Мурињо веќе ги одушеви сите! (ФОТО+ВИДЕО)

фото:твитер

Фудбалерите на Тотенхем стигнаа на стадионот на Вест Хем каде што се игра премиерлигашкото градско дерби (13.30 часот) против Тотенхем на чија клупа ќе дебитира новиот менаџер, Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак е во центарот на вниманието непосредно пред дуелот на двата тима од главниот град, и се следи секој негов чекор на стадионот на „чеканите“.

Такво беше и доаѓањето на Мурињо на стадионот. Поминуваше покрај децата кои се подготвуваа да влезат на теренот со фудбалерите на двете екипи и им го направи денот незаборавен.

Одлучи „Специјалниот“ да се поздрави со секое дете кои скоро со неверување го гледаа Мурињо на кого не му пречеше што тие беа во дресот на градскиот ривал.

Исто така е веќе познат стартниот состав за кој се одлучи на премиерлигашкиот дуел против Вест Хем: Гасанига, Орие, Алдервирелд, Санчез, Дејвис, Дајер, Винкс, Деле, Лукас, Сон, Кејн (капитен).

Направи неколку промени, што малку и ги изненади своите навивачи. Ериксен остана на клѕпата, а од првата минута ќе игра Лукас Мура, додека по подолго време во почетниот состав се наоѓа и Дејвис, а Роуз остана на клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот