Уште малку остана до отворањето на Дино паркот

Дино паркот во рамки на скопката зоолошка градина е готов, и истиот наскоро ќе ги пречека првите посетители.

Од зоолошката градина најавуваат дека наскоро е големото отворање на новиот Дино парк.

Конечно и кај нас, наскоро отворање на новиот Дино Парк во Зоолошката Градина во Скопје. За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат за неверојатниот свет на диносаурусите и да се сретнат очи во очи со застрашувачкиот T-Rex, големиот но мирољубив Трицератопс и многу други, стои во објавата на Фејсбук страната на Град Скопје. 

Паркот зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат изведени сите придружни елементи односно патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. 

Во паркот има 41 динасаурус во природна големина. Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус како и поставки со мали диносауруси. Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни. Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив.

За Дино паркот ќе се наплатува посебен билет од 50 денари, без разлика дали веќе сте посетител на Зоолошката градина. 

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се 20 милиони денари (околу 325.000 евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот