Уште малку и ќе се избере фирма за надзор и правен консултант за Коридорот 8

Во завршна фаза е изборот на надзор и правен консултант што ќе ги води преговорите заедно со веќе формираниот Комитет од страна на Владата за проектот за изградба на Коридорот 8, кој е значаен за целиот регион – ова денеска го изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми по извршениот увид на градежните активности на подделницата 5 на автопатот Кичево – Охрид, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Коридорот 8, посочи тој, е значаен за Република Северна Македонија и токму затоа неговата изградба и модернизација ја доверивме на конзорциумот Бехтел и Енка. Во таа насока, и Собранието го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, кој ги опфаќа делницата Тетово-Гостивар-Букојчани, автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан, како и коридорот 10 Д, односно делница на автопатот Прилеп-Битола.

-Веќе е формиран и Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење, а по интензивната подготовка на целокупната тендерска документација објавивме оглас за избор на надзор и правен консултант којшто ќе ги води преговорите заедно со веќе формираниот Комитет и оваа постапка е во завршна фаза. Со овој чекор се овозможува почеток на подготвителни работи за конкретна реализација на проектот за Коридор 8, рече Рустеми.

Завршувањето на Коридорот 8, според министерот Бовчарски, е од стратешки интерес за државата, но и регионот.

– Од стратешки интерес е за државата да го завршиме Коридорот 8 на ниво на модерен и безбеден автопат за што сме обврзани и пред нашите европски партнери. Овој Коридор е значаен не само за нас, туку и за целиот регион од аспект на економски развој, транзит и поврзување со пристаништата на Бугарија и Албанија, изјави Бочварски по направениот увид на градежните активности на автопатската делница кај охридското село Горенци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот