Уште ќе трае, според СЗО поминати се 60 отсто од патот во битката против Ковид-19

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Човештвото мина околу 60 отсто од патот на борбата против коронавирусот, но неочекувани пречки се уште може да се појават, вели Сума Сваминатан, главен истражувач во Светската здравствена организација, во интервју за швајцарскиот весник „Зонтагс Блик”.

– Се надевам дека наскоро ќе поминеме 60 отсто од патот. Но, можеби ќе треба да се искачиме на друга неочекувана планина, вели претставничката на Организацијата.

Таа нагласи дека е премногу рано да се зборува за претстојно завршување на „маратонот” во борбата против пандемијата, бидејќи се уште не е познато какви други пречки може да се појават.

– Ненадејното појавување на нови варијанти на вирусот е еден од многуте настани во пандемијата што неправат понизни” објасни Сваминанатан.

Претставничката на СЗО повика на зголемување на стапката на вакцинација за да се заштити населението од инфекција и да се спречат понатамошни мутации.

Според организацијата, повеќе од 236 милиони луѓе биле заразени од почетокот на пандемијата во светот, а инфекцијата уби 4,8 милиони луѓе. Најтешката ситуација во моментов, според СЗО, е во САД, Индија и Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот