Уште едно поскапување – дизелот достигнува нова рекордна цена

Гориво / Фото: МИА

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука во согласност со која малопродажните цени на бензините „Евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на мазутот М-1 НС, не се менуваат, но цената на дизелот се зголемува 2 и пол денара за литар.

Ќе се зголеми и цената на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 3 денари за литар.

Врз основа на оваа одлука, од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

бензин „евросупер БС-95“: 110 (денари/литар)
бензин „евросупер БС-98“: 112 (денари/литар)
„евродизел БС (Д-Е V)“: 104,50 (денари/литар)
екстра-лесно масло (ЕЛ-1): 102,50 (денара/литар)
мазут М-1 НС: 55,50 (денари/килограм)

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,800 %, кај дизелот за 3,797 %, кај екстра-лесното масло за 3,933 % и кај мазутот зголемувањето е за 0,340 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот