Уште едно модно промашување! Ријана повторно шокира со својот стајлинг (ФОТО)

Profimedia
Фото: Profimedia

Пејачката изминативе денови направи промоција на својата книга која наскоро ќе се најде во продажба и при таа прилика успеа да приреди модно фијаско.

Верна на својот провокативен стил, пејачката се појави во фустан на едно рамо и длабоко деколте, а комбинацијата ја закити со накит во црна боја. Долгата и бујна црна коса ѝ паѓаше преку лицето.

Profimedia

Комбинацијата на Ријана од фустан со леопардски принт и чизми од змијска кожа, воопшто не им се допадна на модните критичари, па следуваа само негативни коментари.

Profimedia

Навикнати сме постојано да воодушевува и да ги поместува границите на модата, но овој пат тоа не се случи. „Вулгарно“ е зборот со којшто се опишува нејзиниот аутфит во странските медиуми.

Profimedia

Дали се согласувате?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот