Уште едно искусно име во Лејкерс на патот кон шампионската титула!?

фото: твитер

Адриан Војнаровски на својот Твитер профил објави дека слободниот агент Џ.Р. Смит и Лејкерси ги одработуваат последните детали околу договорот.

Според извори на „ЕСПН“, се очекува 34-годишниот кошаркар да биде дел од составот на „езерџиите“ до крајот на сезоната.

Доколку во Орландо се појави корона – ја прекинуваме сезоната

Овој играч веќе соработуваше со Леброн Џејмс во редовите на Кливленд Кавалирс и заедно го освоија шампионскиот прстен во 2016 година.

Познат е по добриот шут за три поени, претходно покрај Кавалирси, настапуваше уште за Денвер нагетс, Њу Орлеанс хорнетс и Њујорк никс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот