Уште една златарница ограбена во Париз, штетата е околу 2 милиони евра

Фото: EPA/ANDY RAIN

Две вооружени лица денеска ограбиле златарница во центарот на Париз, по што избегале пешки. Станува збор за златарницата „Ден Ван“. Накитот кој бил украден вредел околу два милиони евра, пренесува Ројтерс. 

Ова е втор случај на грабеж во златарница, откако пред неколку дена беше ограбена златарницата „Шоме“. Вчера француската полиција го пронајде украдениот накит во српски автобус, но не ги пронајде и крадците на накитот. 

Ваквите грабежи не се реткост во Париз, а полицијата изјави дека златарниците се често таргетирани од страна на крадците во летните периоди. 

Познатата златарница „Шоме“ во Париз е ограбена, одземен накит вреден од два до три милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот