Уште една велопатека на Водно, безбедна за употреба од страна на сите генерации

Велопатека на Водно/ Фото: Град Скопје

Од денеска љубителите на велосипедизмот може да уживаат во втората велопатека која е пуштена на Водно. Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка три метри со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки што ја прави многу безбедна. Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија”, соопшти Град Скопје.

Патеката, како што се посочува, е истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема.

Новата велопатека „Flow”, информираат од Град Скопје, е наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје.

-За да можеме да ја доживееме убавината на велопатеките кои ги направивме на Водно ги повикуваме сите љубители на природата недела на 24 октомври да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам кој ќе се одржи на Средно Водно. Настанот е со почеток во 10 часот и учество земаат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде пропратен секако со добра забава, потенцираат од Град Скопје.

Извор: МИА

Видео на денот