Уште една потврда дека се меѓу најдобрите, Начевски и Николов судат на ЕП 2020

Најдобриот македонски ракометен судиски пар ќе биде дел од следното големо натпреварување, Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка.

Ова е уште една потврда дека македонските судии се меѓу најдобрите во светот, кои во последните осум години се редовни делители на правдата на сите големи натпреварувања, билода станува збор за ЕП, СП или Олимписки игри.

Европската ракометна федерација 23. судиски двојки кои ги избра да ја делат правдата на ЕП 2020 ги подели во три категории, а Начевски и Николов се најдоа во втората категорија  која ќе суди и во првата и во втората фаза, а подоцна во зависност од пласманот на Македонија, можно е да бидат делегирани да судат и во полуфиналните натпревари и во битката за медали.

СУДИИ ЗА ПРВА ФАЗА:
Бркиќ, Јусуфхоџиќ (Австрија), Мрвица, Јуриновиќ (Хрватска), Киркхолм, Мортенсен (Данска), Марин, Серадилја (Шпанија), Бонавентура, Бонавентура (Франција), Шулце, Тониес (Германија), Елиасон, Палсон (Исланд), Јорум, Клевен (Норвешка), Лах, Сок (Словенија), Николиќ, Стојковиќ (Србија), Бадура, Ондогрецула (Словачка).

СУДИИ ЗА ПРВА И ВТОРА ФАЗА:
Хорачек, Новотни (Чешка), Мазеика, Гателис (Литванија), НИКОЛОВ, НАЧЕВСКИ (МАКЕДОНИЈА), Павичевиќ, Ражњатовиќ (Црна Гора), Фонсека, Сантош (Португалија), Салах, Брунер (Швајцарија), Куртагиќ, Ветервик (Шведска).

СУДИИ ЗА ВТОРА ФАЗА И БИТКА ЗА МЕДАЛИ:
Губица, Милошевиќ (Хрватска), Хансен, Гјединг (Данска), Ралуј, Саброзо (Шпанија), Гајпел, Хелбиг (Германија), Пишон, Ревере (Франција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот