Уште една пациентка со респираторна инфекција се јавила на Инфективна, патувала во Северна Италија

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека засега нема нов случај на заразен со коронавирус во Македонија.

Тој посочи дека резултатите од тестот се негативни кај возачот на комбето кој пристигна од Италија и двете лица кои вчера избегаа од изолација во штипската болница.

-Има една пациентка која се јавила утрово на Инфективна, таа е изолирана, таа е жена која патувала во критичниот регион во Северна Италија, таа има семејство и знаци на респираторна инфекција. Во земјава влегла на 26 февруари, без никакви симптоми. Изолирана е согласно процедурите и во текот на денот се чекаат резултатите- рече Филипче.

Тој додаде дека првата пациентка со коронавирусот во земјава е во добра општа состојба и нема температура.

-Утрово разговарав со конзулот во Италија, нема наши државјавни заразени во Италија. Конзулот вели дека е потребно сите да го контактираат него, за тој нам да ни ги најави сите кои доаѓаат од Италија. Меѓутоа доаѓаат многу луѓе, кое не се најававуваат- рече Филипче..

За карантинот, министерот, рече дека нема потреба да се паничи, коментирајќи го вчерашниот инцидент на пациентите кои избегаа од болницата во Штип.

– Не е страшно, не треба да се панични, доколку се поседи во изолација. Патниците кои се во изолација, тоа се патниците од комбето, се во добра општа состојба. Доколку немаат симптоми луѓето седат во изолација, а доколку се јават некои симптоми, значи тогаш се пристапува со соодветна терапија- вели Филипче.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот