Уште една наставничка од Кавадарци позитивна на ковид-19

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска./ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Уште една наставничка од Кавадарци е позитивна на Ковид-19, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Заедно со неа во изолација се и 14 ученици.

Претходно позитивна беше нејзина колешка од истото училиште, а во изолација отиде таа и нејзините 16 ученици.

МОН: Со ковид-19 заразени 42 ученици и 65 наставници

Во изминатите 24 часа во Тиквешко има четири новозаболени лица  од кои три во Кавадарци и едно во Неготино. Станува збор за три женски и едно машко лице, на возраст од 30 до 61 година. Еден од нив нема симптоми, а остантите имаат.

Едно лице имало претходно контакт со позитивно лице на коронавирус, а другите не знаеле каде се заразиле. Сите биле на домашно лекување и со лесна клиничка слика. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.

Наставничка од Тиквешко е заразена со коронавирус, изолирани се 16 ученици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот