Викендов во Кемер, Турција се одржа изборот за „Мис АУРА Интернатионал 2020“ на кој учество земаа 40 девојки од целиот свет.
Нашата Андријана Илиоска направи убав успех освојувајќи ја титулата „Мис Бикини“. Победничка е претставничката на Португалија, Прва придружничка е убавицата од Латвија, а втора претставничката на Татарстан.

Изборот се одржа во прекрасниот во еден од најлуксузните хотели во Кемер, каде девојките претстојуваа 15 дена.

Лиценцата за Македонија за овој избор ја поседува Модното студио „Црнокрак“.
