Уште една мистериозна смрт на бизнисмен кој поради критиките кон Путин беше во егзил

Дан Рапопорт/ Фото WillWest News / Profimedia

Познат бизнисмен кој живеел во егзил во САД откако го критикувал рускиот претседател Владимир Путин, бил пронајден мртов пред неговата станбена зграда во луксузниот кварт на Вашингтон, соопшти полицијата.

Телото на Ден Рапопорт (52) беше откриено на тротоар во населбата Џорџтаун нешто пред 21:00 часот во неделата. Полицијата добила повик дека се работи за маж кој „скокнал“ од блискиот објект.

Причината за смртта не е објавена, но полицијата соопшти дека во овој момент „не верува дека станува збор за убиство“.

Веста за неговата смрт првпат ја објави Јунија Пугачева, поранешна вработена во рускиот „Татлер“, која во објава на социјалната мрежа Телеграм тврди дека Рапопорт извршил самоубиство, додека го шетал своето куче . Полицијата открила дека на вратот на миленичето имало и белешка во која се зборува за самоубиство и пари, пишува Њујорк пост.

Пугачова тврдеше дека последен пат го видела починатиот бизнисмен , инвестициски банкар и поранешен косопственик на популарниот московски ноќен клуб Сохо Румс, во мај во еден лондонски бар. Како што истакнува, таму бил во друштво на млади жени, откако сопругата го напуштила.

Сепак, вдовицата на Рапопорт, Алена Рапопорт, негираше дека нејзиниот сопруг извршил самоубиство.

„Немаше пораки за самоубиство, немаше самоубиство, немаше патување во Лондон, немаше раскинување“, изјави таа за руската новинска агенција РБЦ, додавајќи дека властите ја истражуваат смртта на нејзиниот сопруг.

Два дена пред Рапопорт да биде пронајден мртов, тој објави статус на Фејсбук: впечатлива фотографија од Марлон Брандо како полковник Курц во „Апокалипса сега“, заедно со зборовите: „Ужасот, ужасот“. На местото на инцидентот, полицијата пронашла неколку лични предмети кои наводно му припаѓале на починатиот, меѓу кои 2.600 долари во готовина, скршен мобилен телефон и испукани слушалки, објави Дејли Мејл.

Според медиумите, во месеците пред неговата смрт, Рапопорт бил во спор со руска фирма за ризичен капитал, која се обидувала да го измами за 10.000 долари, тврди тој во пораката упатена до својот пријател.

Рапопорт е роден во Летонија кога оваа балтичка држава беше дел од СССР. Во 1980 година неговото семејство емигрирало во САД откако добило политички азил.

И  ја продаде куќата на Иванка Трамп

Во 1991 година, Рапопорт дипломирал на Универзитетот во Хјустон, а по распадот на СССР се преселил во Русија за да продолжи кариера како инвестициски банкар. Тој ја напушти Русија во 2012 година за да го поддржи дисидентот Алексеј Навални – кој во моментов отслужува долга затворска казна во озлогласениот затвор со максимална безбедност. Тој се врати во САД со својата прва сопруга, манекенката Ирина.

Семејството Рапопорт се населиле во прекрасен дом од повеќе милиони долари во Вашингтон. Во 2016 година, Рапопорт ја продаде куќата на Џаред Кушнер и Иванка Трамп, кои живееја во Вашингтон додека таткото на Иванка, Доналд Трамп, беше претседател.

Рапопорт, кој во тоа време бил разведен, набрзо се преселил во Киев, Украина, каде ја запознал својата втора сопруга Алена.

Бизнисменот беше цврст поддржувач на украинската независност и ја критикуваше анексијата на Крим од страна на Путин.

Откако изби војната во Украина во февруари, Алена Рапопорт рече дека нејзиниот сопруг ја евакуирал неа и нивната ќерка од Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот