Уште една легенда на Јунајтед ја заврши кариерата

twitter.com/FootyAccums

– Мојата кариера е официјално завршена. Во 2013 година ја започнав обуката за добивање лиценца на УЕФА за категорија Б. Сакам да ја завршам, а потоа да добијам лиценца А. По година и пол, ако се оди според планот, ќе бидам подготвен да раководам со тим – изјави Евра, цитиран од „Газета дело Спорт”.

Во својата професионална фудбалска кариера, дефанзивецот играше за Јувентус, Монако, Марсеј, Манчестер Јунајтед и Вест Хем.

Со „црвените ѓаволи” петпати беше шампион на Англија и еднаш го освои трофејот во ЛШ. Неговиот последен клуб беше Вест Хем, за кој одигра пет натпревари во 2018 година.

Заедно со Немања Видиќ, Рио Фердинанд и Гери Невил ја сочинуваа одличната одбрана на тимот од „Олд Трафорд“.

Се закити и со една титула од Светското клупско првенство, три во Лига купот и четири во Комјунити шилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот