Уште една голема победа за МЗТ Скопје во АБА лигата

фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Денеска на полуфиналниот турнир на У19-шампионатот на АБА-лигата кој се игра во Хрватска, јуниорскиот состав на МЗТ Скопје продолжува да реди победи откако претпладнево со сигурна игра во текот на сите 40 минути го совлада домаќинот Задар со резултат 80:71.

Избраниците на тренерот Горан Крстевски дојдоа до победата против еден од расадниците на таленти во Хрватска постојано имајќи ја контролата врз играта и резултатот.

Дарио Митевски беше најефикасен со 17 постигнати поени беше најефикасен во МЗТ, со пет клучни поени во низа на две минути до крајот, кога успешно го одбија последниот напад на противникот за евентуален пресврт. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Никола Кацарски со 16 и Никола Орлов со 13 поени.

Наредниот предизвик за младите „штркчиња“ е најголемиот фаворит во групата, екипата на Црвена звезда, со која ќе ги одмерат силите вечерва со почеток во 20.45 часот.

В сабота ќе ги одмерат силите со Цедевита Олимпија (11.45 часот), а во истиот термин в недела ќе финишираат против Копер Приморска.

Пласман на финалниот турнир ќе обезбедат двете првопласирани екипи на крајот на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот