Уште една девојка со пријава до тренерот по Џудо во Прилеп

Полиција / Фото: МИА

Уште една девојка се охрабрила да го пријави четириесет и шестгодишниот Р.П. Од прилеп, инаку тренер по џудо кој веќе  два месеци е во притвор.

Според податоците во обвинителството, девојката што дополнително го пријавила тренерот за сексуално вознемирување и полови дејствија сега е полнолетна, а според пријавата, кога тој ги вршел дејствата, таа била малолетна.

Бројот на жртвите во оваа истрага сега е четири. Колку време молчела последната девојка што решила да поднесе кривична пријава против својот тренер во интерес на истрагата не се открива, бидејќи по последната пријава се постапува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот