Уште една депонија ќе се претвори во парк, овој пат во Кисела Вода

Градоначалникот на општината, Филип Темелковски, во придружба на скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска од лице место информираа за текот на градежните активности.

Се уредува простор на површина од 16.000 метри квадратни во општина Кисела Вода, во близина на последна 4-ка.

Градоначалникот на општината, Филип Темелковски, во придружба на скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска од лице место информираа за текот на градежните активности.

– Заедно со паркот позади Адора, или во месната заедница Цветан Димов и трим патеката која започнавме да ја правиме со Агенцијата за млади и спорт, ќе имаме огромна целина во која нашите сограѓани ќе може да се рекреираат независно од возраста- рече Темелковски, и додаде дека покрај инвестицијата на Градот во делот на парковското уредување, општината ќе се погрижи за партерното уредување, во кое ќе биде вклучено детско игралиште и парк за миленици.

Градоначалникот Шилегов потсети дека на местото на кое набрзо ќе има парк, до неодамна било дива депонија.

– Во овој парк, на површина од 16. 000 метри квадратни ќе имаме 500 нови садници од кои 350 листопадни и 150 зимзелени дрва и украсни грмушки со што во овој дел од градот кој беше целосно запуштен, ќе донесеме една урбана нота, со цел граѓаните од 11 Октомври да имаат достоинствено место каде што ќе го поминуваат слободното време- рече Шилегов, и потсети Градот и на други локации дивите депонии ги претвора во паркови.

Со воведување на Закон за комунална полиција, Шилегов ќе се обиде да ја зачува и заштити урбаната према од вандалите.

– Имајќи во предвид дека Градот Скопје изготви Закон за комунална полиција кој што го достави до Владата на мислење, очекувам дека до крајот на годината тој закон ќе биде усвоен и со тоа ќе може дасе воспостави целосна контрола врз вандалските девијации кои што се појавуваат- нагласи Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот