Уште еден земјотрес ја погоди Хрватска: Епицентарот повторно близу Петриња

Земјотрес / Фото: Илустрација

Денеска во 12.06 часот централна Хрватска ја погоди нов земјотрес со епицентар меѓу Сисак и Петриња.

Според податоците на Сеизмолошката служба на Хрватска, станува збор за потрес со јачина од 3.8 степени по Рихтер, пишува Индекс.хр.

Епицентарот на потресот бил на 6 километри југозападно од Петриња. Тоа е само уште еден во низата на посилни земјотреси кои се забележани во тоа подрачје.

Од разорниот земјотрес кој го погоди подрачјето на 29 декември, сеизмолозите дневно бележат повеќе десетици потреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот