Уште еден успех: Калин Ивановски со трофеј се враќа од Мадрид!

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски продолжи со одличната форма и пред крајот на оваа календарска годна го освои трофејот на ИТФ-турнирот во Мадрид.

Во финалето Калин играше против Марк Вајтхаус од Велика Британија. Дуелот македонскиот тенисер го доби со 2:0 во сетови. Во првиот сет Ивановски направи брејк и со 6:4 го доби сетот, а во вториот беше уште подобар.

Следуваше целосна доминација и сосема заслужено беше подобар од Британецот со 6:2. Треба да се спомене дека Вајтхаус на АТП ранкигот беше за 50 места подобро пласиран од Калин кој сигурно ќе напредува од моменталната 627. позиција.

За Ивановски ова е трет трофеј во кариерата. Претходно ги освои фјучерсите во Хераклион (Грција) и во Монастир (Турција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот