Уште еден супер тим во НБА, Ленард и Џорџ во Клиперс

Најдобриот кошаркар во финалната серија и најбаран слободен играч на трансфер пазарот во НБА лигата, Каваи Ленард, конечно донесе одлука каде да ја продолжи својата кариера и веднаш се создаде уште еден супер тим. Ленард одлучи да се врати во родниот Лос Анџелес и да потпише за Клиперси, објави најреспектираниот новинар во НБА лигата, Адријан Војнаровски.

Долго време се очекуваше Ленард кој на Торонто репторс му ја донесе првата шампионска титула во историјата, да одлучи каде ќе настапува, а три екипи беа во најтесниот избор, Торонто, ЛА лејкерс и ЛА клиперс.
На крајот, изборот падна на клиперси кои ќе потпишат четиригодишен договор со Ленард тежок 142 милиони долари.

Веднаш откако успеаја да го обезбедат потписот со најбараниот слободен играч во НБА, ЛА клиперс направија размена со која станаа инстант фаворит за титулата, го ангажираа Пол Џорџ од Оклахома сити тандерс.  Клиперси се откажаа од четири избори на НБА драфтот, и ги дадоа Данило Галинари и Шејн Гилџес-Александер.

Со ваквиот развој на настаните, ЛА клиперс веднаш стана фаворит за освојување на титулата покрај градскиот ривал ЛА лејкерс, кој се надеваше дека ќе направи супер трио со Ленард, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот