Уште еден скандал го тресе Холивуд! Шерон Стоун тужи пејачка поради јавни навреди! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Пејачката Шанел Вест Кост која се занимава со рап музика издаде спорна песна во 2018 година, а она што и пречело на Шерон Стоун е тоа што повеќе пати било споменато нејзиното име, според нејзините зборови, неприкладно.

Шерон тврди дека младата пејачка сака врз нејзиниот грб да постигне успех и слава.

И самиот наслов на песната „Sharon Stoned“, што во превод значи „пијана Шерон“ е спорен.

 

View this post on Instagram

 

Weekend vibes ?

A post shared by Chanel West Coast (@chanelwestcoast) on

Поради репутацијата која ја изградила, Шерон вели дека строго го контролира употребата на нејзиното име. Во спотот се појавуваат и сцени кои потсетуваат на филмовите во кои таа глумеше, па и тие се предмет на тужба.

 

View this post on Instagram

 

Rugrats was my favorite cartoon growing up, and Chucky was my fave rugrat ? Which rugrat was your fave? Hoodie @fashionnova

A post shared by Chanel West Coast (@chanelwestcoast) on

Пејачката ќе одговара поради нелојална конкуренција и кршење на правото на јавно објавување. Шерон бара од Шанел да престане да го користи нејзиното име во иднина, како и паричен надоместок во сума која ја заработила од изведувањето на спорната песна.

Меѓутоа пејачката тврди дека песната ја направила во соработка со актерката и дека таа била упатена за целиот процес. Таа изјавила дека е многу разочарана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот