Уште еден Португалец доаѓа во Вулверхемптон

Гонзало Гуедеш/фото: EPA-EFE/Juan Carlos Cardenas

Фудбалерот на Валенсија Гонзало Гуедеш кариерата ќе ја продолжи во екипата на Вулверхемптон, потврди шпанскиот тим.

„Марка“ пишува дека Валенсија ја прифати понудата на  Вулверхемптон за португалскиот репрезентативец вредна 30 милиони евра плус 10 милиони преку бонуси.


Гуедеш кариера ја започна во Бенфика, а во 2017 година се пресели во ПСЖ. Португалецот потоа потоа заврши на позајмица во Валенсија која подоцна го откупи неговиот договор за 40.000.000 евра.

Португалецот во дресот на Валенсија одигра 198 натпревари и постигна 40 гола, а имаше и 32 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот