Уште еден пораз без освоен сет за ракометарките на ЕП на плажа

Фото: EХФ

Македонската ракометна репрезентација во Европското првенство на плажа претрпе нов пораз на Европското првенство во Португалија.

Денес избраничките на Златко Мојсовски беа поразени од Романија одново со 2:0 во сетови. Претходно подобри од нас беа репрезентациите на Украина, Холандија, Портуалија и Италија со која го освоивме единствениот сет на ова ЕП.

Романките беа убедливи во првиот сет добивајќи го со 25:14, аво вториот бевме блиску да изедначиме, но сепак го загубивме со 15:14 за конечни 2:0. Најефикасна во нашите редови беше Ана Марија Божиновска со 12 поени, Теодора Гулицоска додаде шест.

За Македонија преостанува уште натпреварот со Унгарија кој исто така се игра денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот