Уште еден новинар убиен во Мексико

Фото: илустрација

Во Мексико од почетокот на годината убиени се 12 новинари, соопшти Националната комисија за човекови права.

Според локалните медиуми, последната жртва помеѓу новинарите е Невит Кондес Харамиљо, основач на порталот „Ел Опсерваторио дел Сур”, кој во саботата е пронајден избоден до смрт во својот дом во Техупилка.

Во соопштението од Комисијата се наведува дека „насилството врз новинарите во сите облици е една од суштинските препреки за зацврстување на демократијата во Мексико”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот