Уште еден мирен протест во Тирана

Режисерот Роберт Будина побара од правосудните органи да го расветлат „терористичкиот напад врз уметници и активисти”.

Вториот по ред протест организиран од Алијансата за одбрана на Националниот театар, подржан од обединетата албанска опозиција, мина мирно.

На протестот, што се одржа на плоштадот „Народни херои” присуствуваа повеќе илјади граѓани, а се обратија познати актери, режисери и уметници.

Како и на првиот протест, одржан во понеделникот, ден по уривањето на театарската зграда, заеднички именител на обраќањата беше дека албанскиот премиер Еди Рама е „срам за нацијата”, дека „ја уништил демократијата а ја вратил диктатурата”, го уништил „националниот симбол и затоа треба да си оди”.

Режисерот Роберт Будина побара од правосудните органи да го расветлат „терористичкиот напад врз уметници и активисти”.

-Нема да се повлечеме бидејќи сме силни, цврсти коски. Бараме од правосудството да го расветли терористичкиот напад што беше извршен врз уметници, граѓани и интелектуалци. Доколку нема реакција, граѓаните се легитимирани да се заштитат себе си и своите имоти во сите форми, порача тој.

Од сите говорници беше побарано изградба на нова тетарска зграда на истото место во истата форма и лик по што почна и собирање потписи, а ќе продолжи и во другите градови во земјата.

Од претседателот на државата Илир Мета беше побарано да го распушти парламентот.

За овој протест, според медиумите, биле ангажирани околу 1.000 полициски службеници, потоа припадници на специјалните едници Шќипоња и за брзи интервенции.

Во случај на потреба подготвени за интервенција биле и припадниците на единицата Ренеа а можеа да се видат и цистерни со вода, противпожарни и санитетски возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот