УШТЕ ЕДЕН МАСАКР на Патишка Река, скопско (ФОТО) – Слободен печат
ВестиМакедонијаСкопје

УШТЕ ЕДЕН МАСАКР на Патишка Река, скопско (ФОТО)

Ова е втор случај за кој се споделува на социјалните мрежи во рок од 24 часа.

Дека Македонија допрва ќе се справува со проблеми поради недостиг на зелени површини, полека но сигурно, на сите ни станува јасно. Сепак, ни овој факт не ги мотивира граѓаните на нашата земја, пред се, да ја почитуваат природата и нејзините благодети. Вчера на Фејсбук страницата „Ta shpëtojmë Kodrën e Diellit“ се појави видео за кое се тврди дека докажува оти масовно се сечат дрвја на Шар Планина од страна на дрвокрадци. Видеото создаде револт, и во него се повикува на бунт против дрвокрадците.

Не помина ни едно деноноќие, а на социјалните мрежи веќе е забележана сеча на дрвја и на Патишка Река.

„Патишка Река, Скопско. Масакар! Направени патишта со тешка механизација за пустошење на масивот Јакупица.“

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close