Уште еден Македонец во „Ла Лига“: Трајковски потпиша за Мајорка!

twitter.com/RCD_Mallorca

Денеска Александар Трајковски е промовиран како нов фудбалер на Мајорка која во новата сезона ќе игра во најсилната шпанска лига.

Доаѓа како слободен играч од редовите на Палермо за кој настапуваше од 2015 година. Шпанскиот клуб е предводен од тренерот Висенте Морено кој претходно ги водеше уште Ксерез и Химнастик.

За Палермо имаше 113 натпревари во четири сезони (по две во Серија А и Серија Б), со постигнати 20 голови и запишани 16 асистенции. За најдобрата македонска репрезентација има 49 мечеви и 15 погодоци.

– Среќен да се биде дел од овој клуб и проект. Се надевам дека ќе бидам успешен и ќе имам добра сезона. Форца Мајорка – се зборовите на Трајковски.

Тој е вториот Македонец кој ќе настапува во „Ла Лига“, Енис Барди, кој ќе влезе во третата сезона во дресот на Леванте.

Новата сезона во шпанската „Ла Лига“ за Мајорка ќе стартува на 19 август на домашен терен против екипата на Еибар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот