Уште еден крузер во карантин: Повеќе од 1.800 луѓе останаа „заробени“ на брод бидејќи кај тројца е откриен коронавирус

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Повеќе од 1.800 патници и членови на екипаж на курзер се тестираат во Хонгконг откако некои членови на екипажот пријавиле дека имаат висока температура, а кој тројца кои претходно патувале откриен е новиот коронавирус, пренесуваат светските медиуми.

Крузерот „World dream“ застана во Хонгконг, откако во вторникот му беше одбиен влез во тајванското пристаниште Каохсиунг и сега се наоѓа во карантин, додека сите на бродот се тестираат за новиот коронавирус.

Едно лице е спроведено од бродот и пренесено со возило на Итната помош.

Откриено е дека три лица од континентална Кина кои се качиле на крузерот од 19 до 24 јануари го имале вирусот, соопшти здравственото одделение од Хонгконг.

Поголемиот дел од останатите патници се од Хонгконг. Операторот на крстарењето „Dream Cruises“ соопшти дека има тројца „потврдени“ пациенти, кои го напуштиле бродот во градот Гванжу на 24 јануари.

Претходно, и еден јапонски крузер со преку 3.700 патници е ставен во карантин, бидејќи на него патувала личност за која се потврди дека е заразена со коронавирусот, а потоа е утврдено дека има десетина зараезени лица, објави министерството за здравство на Јапонија.

Прегледите започна вчера за околу 3.700 патници и членови на екипажот на крузерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот