Уште еден Канаѓанец осуден на смрт во Кина
Полицијата во собата која ја користел со пет лица, пронашла 218 килограми бел кристал, познат како екстази.
Судот во Кина денеска соопшти дека осудил на смрт еден Канаѓанец поради транспорт и производство на дрога, и дека тоа е втор канадски државјанин за два дена на кој му е изречена смртна пресуда во Кина под обвинение поврзано со дрога и четврти откако Канада во 2018 е уапсена директорка на Хуавеи.
Односите меѓу двете земји почнаа нагло да се влошуваат откако канадската полиција ја уапси финансиската директорка на Хуавеи Менг Ванџу во Ванкувер, врз основа на потерница од САД.
На прашањето дали пресудите на канадските државјани се поврзани со случајот Менг, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин рече дека кинеските правосудни органи „работат на случаите независно“ и додаде дека канадската страна знае кои се корените на потешкотите во билатерналните односи.
Канадскиот државјанин Је Јианхуи е осуден на смрт по судењето во градот Фошан на југот од земјата.
Полицијата во собата која ја користел со пет лица, пронашла 218 килограми бел кристал, познат како екстази.
Од преостантите петмина, едно лице исто така е осудено на смрт, додека другите добиле затворски казни.
Минатата година во Кина на смрт се осудени Канаѓаните Роберт Лојд Шеленберг и Фан Веј под обвинение во врска со дрога.
Неколку дена по апсењето на Менг, кинеската полицијата го уапси канадскиот безнисмен Мајкл Спавор и поранешниот дипломат Мајкл Ковриг, кои оваа година се обвинети за шпионажа.