Уште еден инцидент во српските училишта: Ученик-основец на час нападнал наставничка

Инцидент се случил во Основното училиште „Братство Јединство“ во селото Куцура кај српскиот град Врбас, кога 13-годишен ученик прво вербално, а потоа и физички ја нападнал наставничката, пренесува „Политика“.
Според РТС, инцидентот се случил на 31 јануари, а во училиштето дошле полицајци, откако директорот го пријавил нападот.
Дијалогот меѓу Лалиќ и Беливук го обезбедуваа шест редари
Директорката на училиштето, Сенка Мученски, во соопштение наведува дека училиштето веднаш реагирало и ги презело сите потребни активности за заштита на вработените и учениците во училиштето.
Таа изјавила дека постапува согласно прописите и дека во овој момент се проценува дека не е во интерес на вработената и детето да даваат повеќе информации.
Бидејќи се работи за 13-годишно момче, не може кривично да одговара. Предметот е проследен до надлежното обвинителство и Центарот за социјална работа на понатамошна обработка.
ВИДЕО: Во Србија ученици се изживуваат врз наставничка, малтретирањето го снимиле со мобилен