Уште еден град во Србија прогласи вонредна состојба

Жена со заштитна маска во Србија / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Градоначалникот на Сомбор, Антонио Ратковиќ, денеска донесе одлука за прогласување вонредна состојба на целата територија на градот, поради пандемијата на коронавирусот.

Одлуката е донесена врз основа на заклучок на Градскиот штаб за вонредни ситуации од вонредната онлајн седница, пренесува РТС.

Заклучокот е направен врз основа на доставениот извештај на Јавниот здравствен институт Сомбор поради зголемувањето на бројот на заразени лица, како и поради крајно неповолната епидемиолошка состојба на територијата на градот.

Србија оваа недела го очекува пикот на епидемијата на коронавирус, изјави покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ.

Во последните 24 часа, 17.093 лица биле тестирани за вирусот корона во Србија, од нив 6.224 биле позитивни, додека починале 55 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 253 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ целата земја.

По тоа, според негова проценка, бројот на заболени ќе почне да опаѓа.

„Војводина е во вонредна состојба, се надевам дека нема има понатамошен пораст на бројот на заболени иако имавме неодговорно однесување на т.н. ‘црн петок’“, рече Гојковиќ за РТС.

Гојковиќ вели дека мора да поминат од 7 до 10 дена од воведувањето на мерките за да дадат ефект и истакна дека затоа е важно сите да се однесуваат одговорно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот